Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, се сретна со премиерот и министер за надворешни работи на Унгарија, Виктор Орбан и Петер Сијарто.
„Секогаш е чест и задоволство да бидеме домаќини на нашите унгарски пријатели Виктор Орбан и Петер Сијарто во Белград. Со Синиша Мали разговараме за актуелните геополитички и регионални прашања, како и за зајакнување на соработката меѓу нашите две земји со цел да се најдат решенија за новите предизвици. .
Нашиот фокус е на имплементација на инфраструктурни проекти и енергетска безбедност, имајќи го предвид стратешкото значење на нашите земји како клучни енергетски коридори во регионот.
Продолжуваме да работиме и да градиме на темелите на сè посилни врски, кои во исто време се пример за тоа како стабилноста и просперитетот може да се изградат преку искрено пријателство и стратешко партнерство“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.