Србија како сериозна земја нема да поддржи пуч во ниту една држава. Ова е нешто што се подразбира. Ние не го поддржавме пучот ниту во Турција, ниту во Русија, ниту во Америка. Власта се добива на избори – изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во гостувањето на телевизија Пинк, коментирајќи го вчерашниот обид за државен удар во Русија.
– Ова не е настан што нема да остави последици и за ситуацијата на бојното поле во Украина и за внатрешно-политичката ситуација. Мислам дека ова ќе има длабоки и сериозни последици – вели тој.
Вучиќ е убеден дека странските сили имале прсти во вчерашната кампања на Евгени Пригожин и неговите борци од групата Вагнер.
-Како претседател не сакам да зборувам кој е вмешан однадвор, но не се сомневајте… За разлика од мнозинството кои мислат „ридовите се тресеа, глушец се роди“, мислам дека ова ќе има сериозни последици. Владимир Путин зборуваше за Првата светска војна, не знам колку гледачи знаат, дека Русија не изгубила во Првата војна. Имаа неколку поделби, но тешката состојба внатре и странските служби кои го нарушија единството во Русија, доведоа до немири во земјата. И покрај обидот на Керенски да ги сврти работите во успешна битка во јуни 1917 година, изби Октомвриската револуција, која доведе до деценија уништување на се што е православно, а деценија уништување на економијата – рече српскиот претседател.