Вучиќ го отфрли ставот на американскиот амбасадор на Косово за формирање на ЗСО

од Stefanija Kuzmanovska
866 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ го отфрли ставот на американскиот амбасадор во Приштина Џефри Ховениер за формирање, согласно Уставот на Косово, Заедница на општини со српско мнозинство (ЗСО).

Во Париз, за РТС, тој запрашал зошто тогаш официјален Белград за тоа (ЗСО) преговарал и преговара во Брисел.

Вучиќ истакнал дека „тоа значи дека Србите и денес можат да ја основаат (ЗСО), доколку е во согласност со Уставот на Косово“, и дека, како што навел, „никој не може да им го забрани тоа“.

За позицијата на американскиот амбасадор во Косово, тој цитираше една стара српска поговорка: „Што ѝ е драго на бабата, тоа сонувала“.

Ховениер вчера изјави дека има итност земјите од ЕУ да формираат ЗСО, а нацрт-статутот на ЗСО е разгледан од ЕУ и САД и е подготвен со цел да биде целосно усогласен со Уставот на Косово.

Тој истакнал пред новинарите дека САД континуирано нагласуваат дека ЗСО мора да биде во согласност со сегашниот Устав на Косово и дека не треба да се бараат уставни промени.

Слични содржини