Вучиќ го откажа патувањето во Братислава: „Поважно ми е да бидам со својот народ“ (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
318 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска соопшти дека го откажува патувањето во Братислава, каде што требаше да учествува на Форумот за надворешна политика, безбедност, европски прашања и економија, на кој учествуваат лидери од различни земји.

Тој во видео пораката, која ја објави на Инстаграм, рече дека останува со својот народ.

„Почитувани граѓани, вчерашниот ден беше исклучително тежок за целиот српски народ. Уверен сум дека ќе успееме да се избориме за слобода на нашиот народ, за опстанок на нашиот народ и безбедност на нашите луѓе и на северот на Косово. За тоа постои само еден, толку мал услов, што не можам да верувам дека луѓето од Квинта и најмоќните западни земји не можат да го исполнат – а тоа, како и другите, да се отстранат лажните градоначалници кои навистина не претставуваат никого“, рече Вучиќ и додаде:

„Што се однесува до нас, ние ќе продолжиме да се залагаме за мир и да го зачуваме тој мир, како во односите со КФОР, така и во односите со сите останати“.

Тој изјави дека го откажал патувањето во Братислава и дводневниот престој во главниот град на Словачка, бидејќи му е поважно да биде со својот народ.

„И денес ќе ги посетам нашите војници, нашите херои, неколку илјади од нив кои се распоредени на најважните места и убеден сум дека вистината и правдата и Србија на крајот ќе победат“, нагласи Вучиќ во видео пораката.

Слични содржини