Вучиќ: Ќе ги зачуваме мирот и стабилноста во Србија, секогаш ќе бидам со мојот народ

од Vladimir Zorba
185 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека не се плаши од насилници и дека секогаш ќе биде со својот народ, како и дека мирот и стабилноста во земјата ќе бидат зачувани.

„Јас сум тој што бев на тераса, бев во Претседателството, на моето работно место и воопшто не се плашев од вас и нема да дозволам да ја уништите Србија“, објави Вучиќ на Инстаграм со видео порака од Претседателството на Србија.

Тој изјави дека одвреме навреме му се чини „дека политичките противници, но и нивните ментори однадвор, мислат дека сите во оваа земја се идиоти и дека никој нема очи и уши и дека никој не разбира што се случува“.

Слични содржини