Вучиќ: Ќе имаме многу проблеми со провокациите на Курти

од Nikola Popovski
55 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјавил дека неговата земја ја очекуваат многу проблеми во врска со Косово и постојаните провокации на косовскиот премиер, Албин Курти, додавајќи дека во наредниот период ќе има бројни значајни посети.

„Ќе имаме многу проблеми во врска со ситуацијата на Косово и Метохија, постојаните провокации на Албин Курти. Имаме многу предизвици поврзани со Експо. Сега ни доаѓа израелскиот претседател, наскоро доаѓаат Обединетите нации. Многу посети, а пред тоа Брисел. Многу посети, важни настани да ја туркаме Србија напред“, рекол Вучиќ.

Вучиќ на новинарите им кажал дека следува тешка работа со компанијата Рио Тинто, но дека му е само важно да слушне сериозни аргументи.

Останува на државата, додаде тој, да создаде најдобар можен надзор, да контролира се и да може јасно да им каже на граѓаните дали нешто ќе биде безбедно или не.

„Ако не можеме да кажеме дека нешто е сигурно, нема да го кажеме. Ако можеме да го кажеме, тогаш ќе биде сигурно. Тогаш е чисто како солза“, додал Вучиќ.

Претседателот на Србија мина пет дена во Подриње каде со граѓаните од тој дел на Србија разговарал за потенцијалниот проект за ископ на литиум во регионот Јадар, што предизвика протести кај граѓаните.

Слични содржини