Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека Србија, по повод усвојувањето на резолуцијата за Сребреница, се соочила со „совршена бура“ што против нив ја подготвил колективниот Запад, но дека резолуцијата не е усвоена едногласно, како што очекуваа, затоа што „ја потценија нашата земја“.
„Нема сомнеж дека во речиси невозможни услови успеавме да го направиме она што беше највозможно за нашата земја“, рече Вучиќ.
„Бевме соочени со најтешката тема. Против нас беше како совршена бура, бидејќи против нас беше целиот колективен Запад, односно ЕУ, плус оние кои не се ЕУ, но изгледаат дека се, но тие се уште посилни заштитници на прекуокеанските интереси – Швајцарија, Норвешка, Сан Марино, Андора, Лихтенштајн и сите други“, рече Вучиќ во гостувањето на ТВ Прва.
Тој додаде дека таму против Србија биле и Америка, Канада, како и Австралија и Нов Зеланд.
„Имавте ко-спонзори кои беа претежно принудени, а некои сами се огласија, како Чиле, Руанда и некои други земјиод различни континенти“, истакна тој.