Вучиќ: Курти ќе го искористи Советот на Европа за да ја тужи Србија

од Nikola Popovski
596 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјавил дека косовскиот премиер Албин Курти ѝ се заканува на Србија поради Советот на Европа, бидејќи преку институциите на таа меѓународна организација ќе поднесе тужби против Белград.

Коментирајќи ја најавата на Курти дека Косово ќе поднесе тужба против Србија за воени злосторства, Вучиќ потсети дека Курти чекал друга земја да поднесе тужба, бидејќи Косово не може, со оглед дека не е меѓународно правно призната земја.

„Тој се заканува, токму поради Советот на Европа, поради тоа што му го овозможија Дора Бакојани и западните земји и преку нив ќе ги искористи институциите на таа организација за да поднесе тужби против Србија. Тоа е дел од масовниот план за притисок и напади врз српскиот народ за кои зборував“, истакнал Вучиќ.

Тој се осврнал и на изјавите од Босна и Херцеговина дека Србија треба да ја поддржи резолуцијата за Сребреница, додавајќи дека не му е проблем да им оддаде почит на жртвите, што и го направил, постапувајќи хумано, како и дека не е проблем да се изрази искрено сочувство до семејствата на Бошњаците кои беа трагично убиени, но и забележувајќи дека Бошњаците никогаш не го сториле тоа во однос на убиствата на Срби.

Навел дека на резолуцијата се инсистира поради правно-политичките последици што, како што вели, и претходно ги посочил.

„Прашањето не е да се признае дека се случило страшно злосторство, што е за жалење, туку за тоа што треба да следи“, подвлекол Вучиќ.

Слични содржини