Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави во Брисел дека билатералната средба со претставниците на ЕУ, високиот комесар за надворешна политика и пратеникот за дијалог, Жозеп Борел и Мирослав Лајчак била успешна, но дека трилатералната средба со косовскиот премиер Албин Курти не се одржала.
-Курти не сакаше или не смееше да се сретне со мене, но верувам дека тоа ќе го соопштат и Европејците. Се враќав три пати и ми ги покажуваа неговите пораки. Тој не сака да ме види, рече дека не е подготвен, тој рече дека главните преговарачи ќе продолжат. Дали не смееше или не сакаше, не знам, рече Вучиќ и додаде дека можел да се сретне со Борел и претходно без да мора да патува толку долг пат до Брисел.
Како што рече, со Борел и Лајчак разговарал за се, за ситуацијата на Косово.
-За спроведувањето на договорот, за дијалогот, ситуацијата. Главните преговарачи ќе продолжат во вторник или среда, рече Вучиќ и додаде дека тие се надеваат дека ќе го признаат Косов