Вучиќ: Месеците пред нас нема да бидат лесни, очекувам голем притисок и закани околу Косово

од Stefanija Kuzmanovska
403 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Петровац изјави дека месеците кои следат нема да бидат лесни и оти очекува многу притисоци и закани и спроведување на тие закани во дело на Косово.

„Ми се чини дека месеците кои следат нема да бидат лесни и очекувам голем притисок и закани и спроведување на тие закани на Косово од оние кои се недоволно одговорни и не разбираат дека мирот не е само во интерес на Србите, туку и на Албанците“, рече Вучиќ при обиколката на завршните работи на целосната реконструкција на мостот на реката Млава во Петровац, кој е дел од регионалниот пат и додаде:

 

„Но, кога ќе видите колку други проблеми има во светот, добро е кога можете да градите и да работите и да обезбедите таква иднина на нашите деца“, рече Вучиќ.

Одговарајќи на новинарски прашања за формирањето на Владата во Црна Гора, тој рече дека прво ќе почека да се формира црногорската влада и како ќе се одвиваат работите, па дури потоа да коментира.

На новинарско прашање каква порака носи тоа што во новата влада на Црна Гора нема да има претставници на Срби, туку ќе има претставници на партијата на Мило Ѓукановиќ, тој рече дека не сака да се меша во внатрешните работи на Црна Гора.

„Ќе се занимаваме со прашањето за нашиот народ и политичкото дејствување, но прво треба да се формира влада. Ја почитуваме Црна Гора, ја цениме и ќе почекаме да видиме како ќе се одвиваат работите, па ќе коментираме“, рече Вучиќ.

Слични содржини