Вучиќ му пренел на Лајчак дека е многу загрижен за ситуацијата на северот на Косово

од Stefanija Kuzmanovska
179 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во разговор во Белград на специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, му пренел дека е многу загрижен за развојот на настаните на Косово и планот на Приштина за окупација на северот на покраината и протерување на Србите.

„Многу сум загрижен за развојот на настаните на Косово и планот на Курти за насилно окупирање на северот на покраината и протерување на Србите од нивните вековни огништа. Ова му го пренесов на специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина и други регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак“, наведе Вучиќ на Инстаграм профилот „budućnostsrbijeav“.

Лајчак во понеделникот разговараше со премиерот на Косово, Албин Курти, во рамки на Бледскиот стратешки форум, по што најави продолжување на дијалогот во септември.

Слични содржини