Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ денеска во Палата Србија угостил деца од српска националност од регионот и дијаспората. Во својот говор тој им се заблагодарил на децата за радоста што ја донеле.
„Овде имаме деца од Косово и Метохија, од источна Србија, различни делови од земјата, но и деца од Република Српска, БиХ, Северна Македонија, Велика Британија, Австрија, Норвешка, Германија… Ви благодариме на сите што сте овде денес, што ја сакате својата Србија, без разлика дали живеете овде или не“, рекол Вучиќ.
Тој додал дека децата кои растат во странство придонесуваат за својата земја на многу начини.
„Вие сте тие што ја ширите вистината за Србија на секое место и многу придонесувате за неа“, кажал Вучиќ, кој им посакал добредојде на децата со зборовите на српскиот поет и писале Јован Дучиќ:
„Српскиот народ ги даде џиновите на науката. Сите сме поврзани со нашите обичаи, јазик и припадност на ист народ“, истканал Вучиќ.
На почетокот на 2024 година, српскиот претседател исто така прими деца на гости, но само од Македонија.
„Чувајте ги нашите обичаи, култура и чесното име на големата српска нација на која ѝ припаѓате. Сакам да ви се заблагодарам што сте тука, верувам дека ќе видите многу во Белград, дека ќе ја засакате Србија, исто како што го сакате местото од кое доаѓате, како што ја сакате и Македонија“, рече тогаш Вучиќ во Српското претседателство, каде што им поделил новогодишни пакетчиња на децата.
Вучиќ им се заблагодарил на децата, воспитувачките и наставниците од Скопје, Куманово, Битола, Тетово за доаѓањето во Белград.