Вучиќ: На странците им се допаѓа што можат да испратат војници на Косово, а не им се допаѓа дека и Србија има такво право

од Milan1
446 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека резолуцијата 1244 зборува за територијалниот интегритет на СРЈ и нејзиниот правен наследник Република Србија, но дека странците од таа резолуција како што рече земаат само она што им се допаѓа.

„Им се допаѓа тоа што според резолуцијата 1244 можат да испратат војници на НАТО на Косово, но не им се допаѓа што Србија според истата резолуција има право да испрати до илјада свои војници и полицајци,изјави Вучиќ за сараевскиот „Дневни аваз“.

Како што рече тој, „КФОР ќе се повика на резолуцијата 1244, Бриселскиот договор, а Србија мора да исполни сè, од судството до полицијата на северот, но Заедницата на српски општини не може, бидејќи тоа можеби не е во согласност со Уставот на Косово“.

Слични содржини