(видео) Вучиќ: Најлош сум зашто нема да бидеме слуги никому освен на сопствениот народ

„Поради тоа сум Хитлер, поради тоа сум најлош во регионот и поради тоа регионот е згрозен,“ вели српскиот претседател.

од Бети Божиноска
207 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ истакна вчера дека го прогласиле за најлош и дека регионот е згрозен од неговата изјава дека нема да биде слуга никому освен на сопствениот народ, коментирајќи ги медиумските написи во регионот за неговиот говор одржан во неделата, пренесува „Политика“.

Во порака на „Инстаграм“, Вучиќ напиша дка е доволно да ги погледнете или прочитате оние медиуми од регионот за кои знаете дека никогаш ништо добро не ѝ посакале на Србија.

 

Како што истакна тој, политичарите на јавните собири користат зборови за да ги убедат своите, но и претставниците на другите политичи опции дека ја говорат вистината но и дека неретко, некои други многу повеќе од вас зборуваат за содрината на вашите зборови и за суштината на тоа што сте сакале да го кажете.

„Утринава, додека ги гледам извештаите од порталите што ми ги подготвија соработниците, воочив една добра работа што каува за ситуацијата во која се наоѓаме многу повеќе од се што јас сум изговорил. Од косовските медиуми, од кои речиси сите се се екстремистички настроени кон Србија и српскиот народ до екстремните исламистики медиуми во Сараево, сите скокнаа како попарени само поради тоа што го кажав сношти во халата „Шумице“, вели тој.

Вучиќ додава дека „Газета“ и „Слободна Босна“ го нападнале зашто рекол дека „сакаат да ни ја укинат државата Србија, да ни ја одземат земјата и да одговараме на факсовиѕе што ги добиваме со ‘да, газда’, но ние не сакаме да имаме газди и да бидеме слуги ниому освен да му служиме на сопствениот народ.“

„Поради тоа сум Хитлер, поради тоа сум најлош во регионот и поради тоа регионот е згрозен,“ вели српскиот претседател.

Слични содржини