Вучиќ не оди на крунисувањето на Чарлс Трети

од Nikola Popovski
722 прегледи

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјавил дека српскиот претседател Александар Вучиќ нема да присуствува на крунисувањето на кралот на Велика Британија, Чарлс Трети на 6 мај, бидејќи во Србија тогаш се денови на жалост.

Како што јави агенцијата Бета, Дачиќ ова го изјавил за ТВ Хепи.

Претходно, на 3 март, Вучиќ објави дека разговарал со британскиот амбасадор во Белград, Шан Меклаод и дека на средбата му се заблагодарил за поканата да присуствува на претстојната церемонија на крунисување на кралот Чарлс Трети, што како што тврди, претставува особена чест за нашата Србија.

Церемонијата на крунисување на кралот Чарлс Трети ќе се одржи на 6 мај 2023 година во Вестминстерската палата, соопшти Бакингемската палата.

Покрај него, на историска церемонија ќе биде крунисана и Камила. Ова ќе биде прва церемонија по 70 години.

Слични содржини