Знам дека никој од нас нема да биде дел од ЕУ пред Украина. Кога и дали ќе влеземе заедно со Украина е друг проблем. Веројатно ќе почекаме уште шест години. Што е во ред. ЕУ е популарна во вашите земји, но не e толку во мојата, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во Котор на самитот на земјите од Западен Балкан и ЕУ, под слоганот „Еден регион, заедничка визија“.
Тој рече дека сме многу ентузијасти на овој план.
– Немам навика никому да му се обраќам во Брисел, но морам да кажам дека овој променет пристап е добра можност за нас во Западен Балкан , изјави Вучиќ.
Според него, овие средби се разговара за животот на обичните луѓе и развојот на економиите на земјите.
Самитот во Котор утрово го отвори премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, кој ги пречека лидерите на Западен Балкан.