Вучиќ: Одам во Брисел, верувам дека Белград ќе најде излез

од Vladimir Zorba
3,1K прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека разговорот со претставниците на „големата петорка“ бил тежок и дека нема лесни теми, но дека не може да зборува за деталите, бидејќи, како што вели, таков е договорот.

„Но, јас разбирам сè за Косово и Метохија, нас ни е исклучително тешко. И сега би сакал да им кажам нешто на граѓаните, бидејќи луѓето мислат дека тоа е само поради Бањска. Тоа беше тактички страшно за нас, донесе катастрофални непосредни и неколкунеделни или месеци последици, рече Вучиќ.

Претседателот потсети дека во стратешка смисла единствена цел им е Србија на крајот да го признае независно Косово.

Слични содржини