Вучиќ оди во Германија за да види како работат со литиум

од Nikola Popovski
270 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјавил дека на 7 октомври оди во Германија. Вучиќ рече дека ќе се сретне со германскиот канцелар Олаф Шолц, а пред или по таа посета заедно ќе одат во Саксонија за да видат како таму работат со литиумот.

„Германците сакаат да бидат први во петтата индустриска револуција. Дали сакате да ја пропуштиме таа шанса? Немаше да ни биде прв пат – знаевме да протестираме против кралот Милан поради изградбата на пруга, а сега имаме можност да влеземе во првиот воз“, изјавил Вучиќ во разговорот со граѓани во Љубовија.

Вучиќ се осврнал и на индустрискиот напредок и дека секогаш биле критикувани кога се воведувало нешто ново, поради што, како што вели, прескокнувавме многу можности за развој во одредени области.

„А сега кога имаме можност да налетаме на првиот вагон, сè уште нè задржуваат“, порачал Вучиќ.

Тој оценил дека ѝ биле поставени добри прашања на компанијата Рио Тинто и бара да им одговорат на граѓаните.

Со недели во градовите низ Србија се одржуваат протести против ископувањето литиум. Новиот бран протести доаѓа по одлуката на Владата на Србија на 16 јули да продолжи со проектот за изградба на рудник за литиум во долината Јадра, бидејќи претходно го стопираше во 2022 година.

На ова му претходеше одлуката на Уставниот суд на Србија, кој ја прогласи за неуставна одлуката на Владата на Србија да го стопира проектот Рио Тинто, вреден 2,4 милијарди долари, на 11 јули.

На 19 јули, Владата на Србија во Белград го потпиша „Меморандумот за критични суровини“ со Европската унија, со кој се предвидува целиот производствен синџир – од ископ на литиум во Јадар до производство на батерии за електрични возила.

Слични содржини