Вучиќ: Приштина не сака да направи ништо за деескалација на конфликтот

од Vladimir Zorba
244 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска во Брисел дека Приштина не сака да направи ништо за деескалација на конфликтот.

„Разговарав со специјалниот пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак. Не сум оптимист, нема причина да бидам“, изјави Вучиќ за медиумите по средбата со специјалниот пратеник на ЕУ.

„Како што реков, Приштина не сака да направи ништо за деескалација на сериозен начин“, рече претседателот, пренесе Пинк.

Слични содржини