Вучиќ разговарал со Сиљановска – Давкова: Србија испраќа лекари и хеликоптери

од Vladimir Zorba
154 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ телефонски разговарал со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска – Давкова во врска со големата трагедија во дискотеката во Кочани.

„Изразив искрено сочувство до претседателката @gordana_siljanovska_davkova по повод страшната трагедија во Северна Македонија, која длабоко ги погоди не само луѓето во таа земја, туку и сите нас во Србија кои сочувствуваме со семејствата на жртвите и со целиот народ на оваа братска земја.

Понудив, во име на Србија, а претседателот на Северна Македонија прифати, да се испратат хеликоптери и други медицински транспортни возила, медицински тимови како помош, како и да се примат голем број од повредените во трагедијата во Кочани во болниците во Србија.

Ја информирав претседателката дека Србија ќе го прогласи 18 март за Ден на жалост поради трагедијата и изразив уверување дека народот на Северна Македонија, со силата и солидарноста што секогаш ја покажувал, ќе успее да ја надмине оваа голема трагедија и да најде пат кон закрепнување“, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Слични содржини