Вучиќ: САД ќе донесат официјална одлука за севкупни санкции против НИС пред 15 јануари

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска на седница на владата рече дека САД ќе воведат севкупни санкции кон НИС, не само финансиски, и додаде дека тоа ќе бидат директни санкции за нафтената компанија, како и дека САД официјално ќе излезат со таа одлука пред 15 јануари.

„Соединетите Американски Држави ќе воведат санкции, не некакви генерални, не општи, не само финансиски, туку севкупни санкции за нашата компанија „Нафтна индустрија Србија“. Значи, тоа нема да бидат санкции против компании кои имаат руска сопственост, санкции кои се финансирани од руски банки. Тоа ќе бидат директни санкции против српската нафтена индустрија“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека тоа ја става земјата во многу тешка позиција.

Слични содржини