Вучиќ: Сакаме добри односи со НАТО, но имаме линии кои нема да ги преминеме

од Stefanija Kuzmanovska
258 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека сака да има најблиски и партнерски односи со НАТО, но дека има линии „преку кои не смееме да преминеме“.

Обраќајќи им се на граѓаните на Сокобања, Вучиќ повтори дека Србија е една од ретките земји што има независна и воено неутрална политика и дека таква ќе остане се додека тој е претседател.

„Додека сум јас претседател, нема да влеземе ниту во НАТО, ниту во некој воен блок. Тоа е наш избор. Сите оние кои секојдневно ми солат памет и кои тврдат дека се попаметни од мене и знаат се, се сретнаа со странски државници и знаат што е најдобро. Не можам да ги отфрлам желбите на народот. Сакам да имаме најблиски односи со оние кои не нападнаа во 1999 година, но мора да имаме некои линии кои нема да ги преминеме. Србија самата ќе ги брани своите луѓе“, рече Вучиќ.

Слични содржини