Вучиќ: Само неколку Срби излегле на изборите во Косово

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека до овој момент само неколку Срби учествувале на изборите во четири општини на северот на Косово.

„Србите сакаат мир со сите, но пред се сакаат да се борат за интересите на својот народ“, рече претседателот.

„Наша должност е да бидеме патека и водич за жртвите на НДХ“

Вучиќ рече дека „наша должност е да бидеме трага и водич за жртвите на злосторствата на Независна Држава Хрватска (НДХ) за нивното име никогаш да не биде заборавено“.

„За оние кои исчезнаа без трага, ние сме единствената трага“, рече Вучиќ за време на говорот во Доња Градина на Денот на сеќавањето на жртвите на усташките злосторства во логорот Јасеновац и НДХ.

Тој рече дека е тешко да се зборува за тоа што се случило во Јасеновац и потсети дека во Јасеновац биле убиени луѓе без список со имиња.

Слични содржини