Вучиќ: Се гордеам со Данило, кога замина на Косово целиот ден се тресев од страв

од Stefanija Kuzmanovska
273 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека е горд татко кој не му рекол својот син Данило да оди на Косово на Видовдан, туку тој самиот донел таква одлука, како и досега.

„Му реков да не оди, оти знам кој е таму долу на власт. Тој сакаше да оди, рече дека не пропуштил ниту една година, а оди од 2011 година. Сфатив, штом го застанаа за прв пат кај Ајваља, цело време го следеле, демек тајно, како деца што се кријат, имаме документација за сето тоа“, изјави Вучиќ во гостувањето на ТВ Прва.

Тој додаде дека целиот ден се тресел од страв.

„Дури кога се врати Данило, околу полноќ, дознав што точно се случило. Оној од РОСУ му рекол – ‘Јас сум за Курти’ – и држи пушка, а Данило му одговорил – ‘Јас сум за Вучиќ и што се ќе направиш сега’“, навел српскиот претседател.

Слични содржини