Вучиќ се огласи за експлозијата во северно Косово и обвинувањата дека Србија стои зад терористичкиот напад

од Nikola Popovski
81 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија нема никаква врска со саботажата на каналот Ибар-Лепенац во општина Зубин Поток на Косово и дека нема намера никому да се оправдува.

-Секогаш кога има хајка против некого, прикријте се и не учествувајте во неа. Секогаш со ладна глава донесувајте заклучок, ги советувашл Вучиќ младите од Српската напредна странка со кои разговарал во српската општина Стари Град.

-Никогаш не донесувајте одлуки во страв и под притисок, нагласил тој и посочил дека не сака да „брза“ да коментира за Ибар-Лепенац во шест часот утринава.

-Зошто да му се извинам на некого, кога знае дека не сме го направиле тоа? Да трчам по светските медиуми и да се извинува за нешто што не сме го направиле?“, прашал Вучиќ.

За потсетување, силна експлозија одекна во петокот вечерта околу 19 часот во селото Варага кај Зубин Поток. Водоснабдувањето било прекинато, а исклучена е и струјата. Од хидропретпријатието „Ибар-Лепенац“ во Приштина објаснија дека е оштетен главниот канал што ги снабдува со вода водоводните претпријатија и Електростопанството на Косово.

Слични содржини