Вучиќ се прости од Хенри Кисинџер

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска се огласи во врска со смртта на познатиот дипломат Хенри Кисинџер.

„Политичкото наследство на еден државник чии зборови се слушаа со почит и на Исток и на Запад, денес ни треба повеќе од кога било досега. Убеден сум дека моќта на неговите зборови ќе остане инспирација за сите кои се борат за мир и просперитет во светот“, напиша Вучиќ на платформата X.

„Нека почива во мир“, додаде на крајот.

Хенри Кисинџер, дипломат и најмоќниот државен секретар во повоената историја на САД, почина во својот дом во Кент, Конектикат, на 100-годишна возраст.

Тој беше активен врвен дипломат и советник за национална безбедност за време на администрациите на Никсон и Форд, а дури и по неговото активно учество во политиката, тој го задржа статусот на еден од најпочитуваните авторитети за геополитички прашања.

Слични содржини