Вучиќ се сретна со коосновачот на Епл: „Не знам ништо за компјутери, но умеам да слушам“

од Stefanija Kuzmanovska
328 прегледи

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, денеска во зградата на Претседателството го прими Стив Вознијак, компјутерски инженер и коосновач на компанијата „Епл“.

„Не знам ништо за компјутери освен да напишам нешто, да го вклучам и исклучам, но затоа умеам да го слушам Стив Вознијак, кој е тука со неговата сопруга Џенет, на темата образование – како да ги спречиме нашите млади да заминат во странство и да ги привлечеме младите од регионот да студираат кај нас“, рече Вучиќ, додавајќи дека ова е одлична можност за промоција на ЕКСПО 2027 година.

„За нас е голема чест, и се надевам дека Владата на Србија ќе го прифати мојот предлог на брачната двојка Вознијак, Стив и Џенет, да ѝ се даде државјанство на Србија, кое лично ќе им го врачам. Во тоа голема улога имаше нашиот тенисер Јанко Типсаревиќ и му благодариме! Некои велат дека сме дале пари да дојде, не, човекот дошол во Србија без динар, си платил карта и дошол. Не знаев дека е толкава ѕвезда! Пред да дојде, проверував кој е“, додава српскиот претседател.

Слични содржини