Вучиќ се сретна со Лајчак: Разговаравме за ситуацијата на Косово и заканите со кои се соочува српското население

од Stefanija Kuzmanovska
247 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за време на Светскиот економски форум се сретнал со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.

„Отворен разговор со Лајчак за време на Светскиот економски форум за ситуацијата на Косово и заканите со кои секојдневно се соочува српското население, а кои го загрозуваат мирот и стабилноста на регионот. Повторив дека Србија продолжува да води одговорна политика заснована на дијалог и меѓународното право, но предупредив и дека постапките на Приштина го доведуваат во прашање сето она што досега е постигнато во процесот на нормализирање на односите“, пишува на Инстаграм профилот на српскиот претседател.

Слични содржини