Вучиќ: Сè уште немаме договор за НИС

„Нашите преговарачки тимови работат и јас сум целосно вклучен во тоа. Секако, секогаш е прашање на компромис и верувам дека ќе постигнеме некаков компромис“, додаде Вучиќ.

од Vladimir Zorba
10 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/НИС

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека утре или најдоцна до 20 јануари, главните точки од идниот договор за купопродажба на НИС треба да бидат доставени до американскиот OFAC за да можат да донесат одлука пред 23 јануари за продолжување на лиценцата за работа на Нафтената индустрија на Србија.

„Сега, главните точки од идниот договор – јасни сопственички односи, како ќе биде формирана идната компанија, колкав процент, колкав удел ќе има секоја компанија, како и некои други работи од бизнис-планот – треба да бидат доставени до американскиот OFAC, треба да им биде испратен најдоцна на 19-ти или 20-ти, за да можат да донесат одлука пред 23 јануари за продолжување на лиценцата за работа на НИС за да можеме да продолжиме нормално да функционираме“, изјави Вучиќ за ТВ Информер.

Како што рече, сè уште немаме целосен договор за ова, но се надева дека ќе има таков.

„Нашите преговарачки тимови работат и јас сум целосно вклучен во тоа. Секако, секогаш е прашање на компромис и верувам дека ќе постигнеме некаков компромис“, додаде Вучиќ.