Вучиќ се жали од странски служби: Никогаш немало поголем притисок

од Илинка Илиоска
190 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, истакна дека моментално се соочува со досега невиден внатрешен притисок од различни странски разузнавачки служби. Според него, „никогаш немало поголем внатрешен притисок од различни странски служби“, додавајќи дека чувствува како „сите играчи на различни служби, и западни и источни, се под притисок да ги постигнат резултатите што ги бараат странските служби од нив“.

Тој истакна дека му станува „речиси невозможно секојдневно да го издржам тој притисок“ и дека се прават обиди Србија да биде насочена кон пат кој странските актери го сметаат за „вистинската насока“. Вучиќ објасни дека ова не е во согласност со она што го зацртала српската влада со поддршка од народот, туку Србија ќе остане посветена на својата политика на „еднаква дистанца кон сите“.

На настанот по повод годишнината на Безбедносно информативната агенција (БИА), тој побара „единство“ од нејзините членови, потсетувајќи дека „патот на Србија е добар пат“ и дека стремежот кон независност и „слободарска политика“ е патот што треба да донесе напредок на Србија, а не на други.

Слични содржини