Вучиќ со шефот на НАТО: „Наша работа е каде ќе ја распоредиме војската“

од Stefanija Kuzmanovska
740 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се сретна со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во зградата на Генералниот секретаријат на претседателот на Републиката.

Столтенберг се заблагодарил за гостопримството, велејќи дека Србија е важен регионален партнер.

„Разговаравме и за можноста повторно да започнеме заеднички воени вежби. Со нетрпение очекувам да ја зајакнеме нашата соработка“, навел Столтенберг, пренесе „Блиц.рс“.

Како што рече, со Вучиќ разговарал и за ситуацијата на Косово. Тој додава дека НАТО испратил дополнителни 1.000 војници на Косово.

„Сметам на сите страни да ги намалат тензиите и да се воздржат од ескалирани постапки“, подвлекол генералниот секретар на НАТО.

Додава дека „не помага акумулацијата на сили во близина на административната линија“, и дека го поддржува формирањето на ЗСО.

„Ги повикувам Белград и Приштина на дијалог, тоа е единствениот пат до стабилност“, заклучи Столтенберг.

„Единствено Србите беа загрозени и напаѓани“

Претседателот на Србија навел дека Столтенберг е поврзан со Србија на многу начини, и дека секогаш лично се трудел „да биде фер кон нашата земја“.

„Тоа е важно за нас, а тоа го кажа и Столтенберг, со НАТО и КФОР, со надеж дека ќе ја обезбедиме безбедноста на Србите на Косово што е можно повеќе“, изјави Вучиќ, додавајќи дека едиствено Србите биле загрозени и напаѓани на Косово.

Вучиќ додал дека се знае кои се барањата на Западот.

„Наша работа е каде ќе ја распоредиме војската“, посочи тој.

Столтенберг денеска ќе разговара и со премиерката Ана Брнабиќ.

Тој синоќа пристигна во главниот град на Србија, каде на аеродромот го пречека министерот за одбрана Милош Вучевиќ.

Генералниот секретар на НАТО е во посета на регионот во која ги посети Сараево и Приштина, денеска е во Белград, по што ќе замине за Скопје.

Слични содржини