Вучиќ: Србија е на европскиот пат, но треба да се сврти и кон Азија

од Nikola Popovski
113 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ синоќа во Давос, каде што учествува на Светскиот економски форум, изјави дека Србија е на европскиот пат, но дека треба во голема мера да се сврти и кон Азија, бидејќи од таму најмногу ќе се инвестираат во наредниот период.

– Ние сме на европскиот пат и важно е нашата земја да ги забрза реформите, владеењето на правото и други работи, но сите бараат излез од економската ситуација што е можно повеќе во Азија и Африка, особено во Азија земји, па и ние мора да се свртиме на таа страна – нагласи Вучиќ.

Тој за РТС изјави дека „затоа треба да формираме тимови, добро да го разгледаме нашиот пат до 2032 година и да работиме брзо за да поминеме најмногу време во Азија“.

Според него, Србија мора максимално да се концентрира на Кина, но и на Јужна Кореја.

– Но таму сега има политички тензии, иако тоа е одлична земја, а треба да се концентрираме и на Јапонија и да видиме што можеме да донесеме во нашата земја – рече тој.

Во таа насока тој напомена дека вчера во Давос со сличен тон зборувала и Урсула фон дер Лајен за тоа каква ќе биде европската политика.

– Првата посета на Европската комисија ќе биде во Индија, каде што Европејците ќе разговараат со Моди и со најнаселената земја во светот, но денеска беше јасно истакнато дека ќе се градат подобри односи и со Кина – нагласи Вучиќ.

Додаде дека германскиот канцелар Олаф Шолц рекол и дека освен со Индија, треба да се градат односи и со Индонезија, Малезија и со другите земји од регионот, што значи дека многумина ќе бараат решение во Азија.

Слични содржини