Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, истакна дека минатата година Србија била единствената земја во поширокиот регион која имала пораст на бројот на новороденчиња, а на тоа влијаеле два важни показатели – едниот е давање повеќе пари на семејствата со новороденчиња и помала стапка на миграција и почеток на враќање на луѓето во земјата, а сега ќе воведат и системски мерки за петто и шесто дете.
„Во Србија постојано се води кампања дека државата не се грижи за болните деца, но сакам луѓето да знаат дека Србија денес е меѓу петте земји во однос на нивото на поддршка за децата и пациентите со ретки болести и многу поголем број деца се испраќаат и на лекување и на дијагностика во странство“, нагласи Вучиќ.
Вучиќ рече дека до крајот на годината државата ќе одвои 30 милиони евра за ретки болести и за лекување во странство и додаде дека за спинална мускулна дистрофија ќе се воведе, овие тестови, да се прават на секое дете во Србија веднаш по раѓањето, почнувајќи од септември.