34
Како што јавија српските медиуми, српскиот претседател Александар Вучиќ за денеска закажал седница на Советот за национална безбедност на Србија.
Седницата беше закажана откако претседателот на ентитетот на Република Српска беше осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење на функцијата претседател на Република Српска.
Решението ќе стапи во сила дури откако ќе се донесе второстепено правосилно решение.
Милорад Додик и владејачката партија РС најавија дека нема да ги почитуваат одлуките и ќе преземат мерки против државните органи.