Вучиќ: Тежок ден во Брисел

од Radmila Tasevska
408 прегледи

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, оцени дека денешните преговори во Брисел со  премиерот на Косово Албин Курти и високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, биле тешки.

Според него, разговорите се одржале „во речиси невозможни услови“.

„Не беше лесен ден во Брисел. Во тешки и речиси невозможни услови, една неуспешна средба“, вели Вучиќ во видеото кое го објави на својот Инстаграм профил.


Тој во моментов е во Будимпешта каде се очекува да има средби со унгарски и бугарски високи претставници.

Слични содржини