Вучиќ тврди дека кај уапсените косовски полицајци биле пронајдени списоци со Срби

од Nikola Popovski
1,1K прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вчера обелодени дека КФОР веќе бил информиран дека српската полиција, ниту војската не ја преминале административната линија, а кај уапсените косовски полицајци се пронајдени списоци на Срби.

Вучиќ за РТС изјавил дека припадниците на косовската полиција биле уапсени на 1.800 метри од административната линија.

„Кога Курти вели дека се работи за 300 метри, знаеме дека од другата страна биле најмалку 300 метри, а ние ги уапсивме на 1,8 километри на наша територија“, објаснил Вучиќ.

Тој посочил дека српската војска е претежно стационирана во реонот на градот Рудница, кој е оддалечен 5,1 километар од местото на апсење воздушна линија и дека се неточни тврдењата на косовскиот премиер Албин Курти.

„Нашата армија во суштина е 20 километри оддалечена од местото каде што се случи апсењето. Толку од глупостите што ги тврди Курти. Ниту војската, ниту полицијата не ја преминаа административната линија. Што правеле таму, бркале ли некој, па некој преминал, тоа нас не не интересира. Ништо не ни кажаа за тоа. Сè што рекоа е дека не знаеле дека ја преминале линијата, а некои од нив не знаат како да користат GPS“, рекол Вучиќ.

Тој додал дека уапсените не биле малтретирани, како што е случајот со уапсените Срби на Косово.

„Подготвени сме да ги дадеме сите информации, ние сме сериозна земја и би рекол дека поради семејствата на тие луѓе ниту еден од нив не бил тепан, малтретиран или обезличен, што се случува со Србите уапсени од полицијата на Курти. Ние сме сериозна земја и сериозно се однесуваме. Немаме проблем некој да ни покаже против професионализмот. Имаме предвид како се однесуваат цивилизираните општества“, нагласи Вучиќ.

Тој рече дека Приштина вели дека Србите се терористи, а не нивните полицајци кои влегле на српска територија.

На прашањето дали српското МВР го квалификува упадот на косовските специјални сили како терористички чин, Вучиќ вели дека секако „кога некој со оружје ќе влезе, треба да го гледате како терористички чин“.

„Можно е да имаа посериозни планови затоа што најдовме списоци на некои Срби. Имаа одредени информации и чекаа некои луѓе, дали поради ликвидација или апсење. Мора да имате на ум дека нема што да бараат на северот и КФОР ги предупреди“, кажал Вучиќ.

Тој посочил и дека сите граѓани на Србија мора да имаат предвид дека обуката и опремата на српските полицајци е на многу повисоко ниво од онаа на косовските полицајци.

Слични содржини