Вучиќ: За да се избегне каква било дилема – нема да го поддржиме членството на Косово во ОН

од Stefanija Kuzmanovska
170 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска по средбата со министерот за надворешни работи на Кралството Шведска, Тобијас Билстром, изјави дека разговарале и за ситуацијата на Косово и дека за да нема дилеми, го повторил ставот на Србија – „нема да го поддржиме членството на Косово во ОН“.

„Разговаравме и за ситуацијата на Косово и ги повторив, за да нема дилема, ставовите на Србија дека Србија ќе го исполни она што го кажа, но дека нема да го поддржи членството на Косово во ОН и специјализираните агенции и институциите на ОН и дека јасно ги информирав сите кои учествуваат во преговорите и другата страна и Борел, Лајчак, Шолц, Макрон и Блинкен и сите на земјината топка со кои разговаравме“, рече Вучиќ.

Слични содржини