Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја коментираше изјавата на познатата американска актерка со српски корени, Лолита Давидовиќ, дека српскиот народ е „најдобар во светот“, а истовремено се осврна и на состојбата на српската кошарка.
Во понеделникот, Вучиќ ги угости актерката и нејзиниот сопруг, режисерот Рон Шелтон, во вилата Мир во Белград. Двојката е во Србија по повод првиот Национален филмски и телевизиски фестивал, кој се одржа во Златибор.
„Ние Србите мислевме дека сме најдобри во кошарката во светот, а сега знаеме дека имаме еден од најдобрите играчи, но како тим не сме најдобри – ниту во Европа ниту во светот“. Ни останува да кажеме дека имаме најшармантни и најубави дами и да победиме во некоја друга област“, рекол Вучиќ.
Да потсетиме дека кошаркарската репрезентација на Србија доживеа разочарување на Евробаскетот, каде што избраниците на селекторот Светислав Пешиќ беа елиминирани во осминафиналето откако загубија од Финска со резултат 92:86 и го зазедоа десеттото место, што е нивен најлош пласман уште од 2007 година.