Вучиќ за изјавата на Орбан за гасоводот Јужен тек: „Зборуваше условно, нема индикации дека тоа е можно“

од Stefanija Kuzmanovska
308 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека унгарскиот премиер Виктор Обран зборувал условно кога рече дека Унгарија и Србија ја предупредиле меѓународната заедница дека во случај на саботажа на гасоводот „Јужен тек“, како оној на „Северен тек“, тоа би го сметале како „повод за војна“ и дека веднаш би реагирале на таквиот чин. Сепак, тој изјави дека „суштината е дека се надеваме дека на никој нема да му текне да ни го ускрати тоа што го плативме, изградивме и купивме“.

„Нема индикации дека тоа е можно и мислам дека никому нема да му падне на памет дека тоа би се случило. За нас тоа е од клучно значење. Имаме околу 630 милиони кубни метри резерви, но нашата мрежа од Унгарија а Бачки двор не може да се црпи затоа што не е доволен пропусен опсег, можеме најмногу шест милиони дневно, од две места, а во одредени денови ни требаат уште 10 милиони“, рече тој.

Истакна дека разговарал со „сите нив и немам индикации дека такво нешто е можно“.

„Тоа за нас би било катаклизма“, изјави Вучиќ.

Слични содржини