131
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ реагираше за интервјуто на опозиционерот Срѓан Шкоро во кое тој го коментираше и неговиот син Данило Вучиќ и порача дека нема да дозволи напади врз неговиот син, но и врз ничие дете. Вучиќ на својот Инстаграм профил објави и фотографија со синот Данило, а заканите упатени кон него ги нарече монструозни.
„Со години ги кажуваат најлошите и најтешките зборови. Јавноста молчи, обвинителството, полицијата, судовите молчат. Денеска рекоа дека ќе го посипат син ми со ураниум. Тој веќе не е дете, туку тој секогаш ќе биде мој син. А јас нема и нема да дозволам да го правите тоа за ничие дете во Србија. Ќе се бориме за нормална Србија“, напиша Вучиќ.
View this post on Instagram