213
Горд сум што успеавме да го зачуваме мирот во неделата зад нас, објави српскиот претседател Александар Вучиќ на Инстаграм профилот „buducnostsrbijeav“.
Александар Вучиќ посебно се заблагодари на српскиот народ од Косово.
„Посебно сум им благодарен на нашите луѓе од Косово и Метохија што покажаа дека по децении терор се уште се борат за своето огниште, за децата, за нашата иднина. Им благодарам што не се плашат и што докажаа дека светоста за која се бориме е поголема од секоја закана и неправда што ги поставуваат пред нас“, напиша претседателот на Србија, сумирајќи ја изминатата работна недела.