Вучиќ и Курти ќе се сретнат во С. Македонија, Ковачевски подготвен да ги угости

од Nikola Popovski
165 прегледи

Владиниот кабинет и премиерот Димитар Ковачевски се подготвени и имаат намера да бидат домаќини на средбата на српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти како дел од преговорите меѓу Белград и Приштина на 18 март во Северна Македонија, соопштуваат од Владата.

Од Владата додаваат европскиот предлог за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина е исклучително важен за иднината и стабилноста на регионот, а Северна Македонија уште еднаш се докажува како фактор на стабилност.

Околу новата средба, на која би присуствале и високиот претставник на Европската Унија за заедничка надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак. навести Вучиќ после вчерашниот состанок со Курти во Брисел.

-Имавме тежок состанок, ќе имаме уште средби, на 18 март треба да се видиме на територијата на Северна Македонија кога Жозеп Борел ќе го посети регионот. Дотогаш со Лајчак треба да разговараме за работите за имплементација, рекол Вучиќ во обраќањето од Брисел.

Курти изјавил дека е подготвен да го потпише европскиот предлог вчера во Брисел, но дека „српската страна одбила“.

Како што вчера објавија српските медиуми, главната тема во преговорите била околу основањето на Заедницата на српските општини (ЗСО).

Слични содржини