Вучиќ: Се надевам дека следната година ќе биде поуспешна за сите наши граѓани

од Radmila Tasevska
111 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денес ги сумираше впечатоците од бурната недела што се ближи кон крајот и изрази надеж дека следната 2023 година ќе биде поуспешна за сите наши граѓани.

„Само една недела не дели од новата, се надеваме на уште подобра и поуспешна година за сите наши граѓани. Неделата зад нас беше исполнета со тага поради смртта на нашиот Синиша Михајловиќ, а сепак не потсети на сите радоста што големиот Миха со својата маестрална игра ја донесе во претходните децении“, напиша Вучиќ на Инстаграм профилот „будучностсрбијеав“.

Посебно нагласи дека Србите од Косово и Метохија на барикадите ја прославувале славата на Свети Никола, упорни во желбата да живеат како остатокот од цивилизираниот свет – слободно, штитејќи ги животите и перспективата на своите деца.

Слични содржини