Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека се што е потпишано во дијалогот меѓу Белград и Приштина и што е потпишано и од претставниците на Европската унија, мора да се спроведе.
Вучиќ во интервју за „Еуроњуз“ истакна дека кога станува збор за Заедницата на српските општини, под покровителство на ЕУ се потпишани четири договори и тоа планот за имплементација, принципите, управувањето и Првиот договор.
„Ова се четири договори. Веќе имаме потпишано сè и, се разбира, тоа го потпишаа претставниците на Европската унија и тоа мора да се спроведе. И тоа не е крајната цел. Крајната цел е Србите и Албанците да живеат заедно, да живеат многу подобро и да се почитуваат, без непријателство. Не планирам да зборувам за нечија вина, не е важно дали ќе се постигне за три месеци или три години, но ако успееме, тоа ќе биде историски успех“, рече Вучиќ.