169
Српскиот претседател, Александар Вучиќ денеска во Белград се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан и министерот за надворешни работи Петер Сијартo со кои разговараше за развојот на геополитичката ситуација, оценките, плановите, новите проекти и соработката.
„Со Виктор Орбан и Питер Сијартo за развојот на геополитичката ситуација, оценките, плановите, новите проекти и соработката, за иднината“, напиша Вучиќ на Инстаграм, заедно со фотографии од средбата.
„Пријателствата се градат долго и внимателно, се зајакнуваат во тешки времиња, а вистинските се скапоцени токму затоа што се исклучително ретки, особено во политиката и особено во денешното време. Секогаш одговорен, сериозен, искрен, со почит и доверба “, истакна Вучиќ.