Вучиќ со фотографии од неговите миленици одговори на заканувачката порака на Анонимусите

од Stefanija Kuzmanovska
228 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, хумористично одговори на заканите кои му ги упати хакерската група Анонимус.

Вучиќ на својот Инстаграм профил објави фотографии како си игра со своите миленици.

„Се подготвуваме за борба против Анонимусите“, се пошегува претседателот.

Глобалната хакерска група Анонимуси претходно упати заканувачка порака до претседателот на Србија поради ситуацијата на Косово. Анонимусите на Твитер објавија двеминутно видео со низа обвинувања против Србија.

Слични содржини