Вучиќ: Владата усвои одлука да испрати барање до КФОР за враќање на нашите сили на Косово

од Stefanija Kuzmanovska
115 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, доцна синиќа изјави дека Владата донела одлука да испрати барање до КФОР од Белград, во согласност со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, за враќање на српската војска и полиција на Косово, од неколку стотици до 1.000 припадници.

„На владината седница беше донесена одлука вечерва во електронска форма, а утре изутрина на административниот премин, началникот на Генералштабот на командантот на КФОР ќе му го предаде нашето барање, дека согласно резолуцијата 1244, извесен број на воен и полициски персонал од стотици до илјадници треба да се врати на територијата на Косово“, изјави Вучиќ за РТС.

Тој наведе дека одлуката е донесена едногласно и дека бараат само почитување на меѓународното јавно право и ништо повеќе.

Слични содржини