Состојбата на зголемена борбена готовност во Војската на Србија е укината со одлука на претседателот и врховен командант Александар Вучиќ, потврдија за Танјуг од Претседателството.
Борбената готовност беше прогласена на 26 декември поради ситуацијата на северот на Косово.
Тогаш Вучиќ како врховен командант на војската на Србија наредил војската и сите единици на МУП да бидат на највисоко ниво на борбена готовност.