308
Властите во кинескиот град Вухан, каде што се појави коронавирусот кон крајот на 2019 година, денеска најавија тестирање на сите жители по појавата на неколку случаи на ковид 19, пишува АФП.
Три нови случаи на ковид се потврдени вчера во Вухан, град со 11 милиони жители.
Вкупно седум беа позитивни за вирусот, но четири немаа симптоми. Ова се работници кои дошле во Вухан од други провинции.
Последните случаи на коронавирус во Вухан беа во мај.
Делта сојот на коронавирусот се појави во источна Кина минатиот месец.