Веселин Вујовиќ го напушти РК Загреб на крајот на мај минатата година од приватни причини, а сега реши да се врати во клупскиот ракомет на клупата на Борац од Бања Лука.
Договорот ќе биде потпишан до крајот на сезоната со можност за продолжување на соработката, во случај двете страни да бидат задоволни од постигнатите резултати:
„Постигнат е договор, останува само уште да ставам потпис, но во периодот што следи ќе бидам тренер на Борац од Бања Лука. Не сакавме да го објавиме ова пред јавноста сè додека дефинитивно не заврши сè, но во денешно време ништо не може да се скрие. Ќе потпишам договор на пет месеци, а потоа ќе видиме што и како понатаму “, рече Вујовиќ за порталот „sport.ba“.
Тој веднаш најави почеток на подготовките, запознавање со тимот и засилувања:
„Наскоро ќе почнеме да работиме и да се подготвуваме и кога ќе видам каков потенцијал и квалитет имаме на располагање, ќе направиме план со цел да постигнеме амбициозни цели. Ќе се обидеме да ги освоиме сите трофеи на домашната сцена, а сигурно е дека Борац заслужува место и во СЕХА-лигата. Веројатно ќе ни требаат неколку засилувања за да ги постигнеме споменатите цели, но одиме чекор по чекор “, соопштил Вујовиќ.